Кошаркарот на Сан Антонио спарс, Тони Паркер, денеска е успешно опериран, откако ја скина тетивата на квадрицепсот на на левата нога. Операцијата ја изврши докторот на Сан Антонио, Дејвид Шмит, а враќањето на терените ќе биде одредено дополнително.
Одличниот 34-годишен плејмејкер се повреди на вториот меч од плејофот против Хјустон, кога неговиот тим дојде до израмнување во полуфиналната серија од Западната конференција.
Паркер во регуларниот тек од сезоната во просек имаше 10,1 поени, но за време на плејофот уфрлуваше во просек по 15,9 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА