Тони Симиќ, нов селектор на М18 репрезентацијата

Доаѓањето на новите раководни структури во КФСМ ќе донесе и промени на селекторските функции, а еден од новите селектори ќе биде поранешниот македонски репрезентативец, Тони Симиќ. Поранешниот центар на нашиот национален тим ќе биде именуван во нов предводник на селекцијата за играчи до 18 години, наследувајќи го на оваа функција, Мики Наумовски.

Одлуката ќе биде официјализирана во текот на следната седмица, кога Перо Антиќ и Тодор Гечевски ќе ја одржат првата седница на новиот Управен Одбор. На истата се очекува да биде составен и нов Стручен Совет, по што ќе биде направена и „реконструкција“ на селекторските места. Се очекува покрај М18, да дојде до промени и во речиси сите останати младински селекции.

Тони Симиќ сезонава бележеше одлични резултати со екипата на Партизан Мулти Шпед, со која стигна до финалето во М18 шампионатот, каде претрпе несреќен пораз од МЗТ Скопје. по едно продолжение.

Се вчитува...