По завршувањето на секое првенство во кошарка, па и овој Евробаскет, а како„ шлаг на тортата“ по двенеделните збиднувања на терените, ФИБА ги претставува најдобрите десет потези од првенството.
Во неколкуминутното видео меѓу главните актери се По Гасол, Богдан Богдановиќ, Луиџи Датоме, Лука Дончиќ, Кристапс Порзингис, но како најдобар потег се издојува забивањето на германскиот кошаркар Даниел Тајс, кој го „постеризираше“ искусниот Борис Диав од Франција.
https://www.youtube.com/watch?v=APqESqz3UJo
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА