ТОП 10 проекти од светот на RED BULL за 2025

Од достигнувања направени првпат во светот и рушење рекорди, преку екстремни спортски перформанси, до локални приказни што добија глобална препознатливост – изминатите 12 месеци уште еднаш докажаа дека и најлудите идеи може да се претворат во реалност. 2025 година останува испишана во историјата како година исполнета со проекти и успеси што ги поместија границите на спортот, културата и иновацијата.

Во продолжение, издвојуваме 10 проекти и легендарни достигнувања што ја одбележаа и дефинираа 2025 во светот на Red Bull.

  1. Pierre Vaultier: Сноубординг или уметност?

Еден од највпечатливите моменти доаѓа токму од светот на сноубордингот, каде двократниот олимписки шампион Pierre Vaultier го претвори замрзнатото езеро Pontillas во Serre Chevalier во уметничка сцена. Неговиот проект Floating Shapes претстави уникатна патека изградена врз делумно замрзната површина, каде што секое движење бара апсолутна прецизност. Возењето над мраз, дебел само неколку центиметри, без простор за грешка, го избриша јасното разграничување меѓу спорт и уметност.­

  1. Viki Gómez во Скопје: BMX Flatland на Златна бубамара

Македонската публика во февруари беше сведок на легендарен момент, кога трикратниот светски BMX Flatland шампион Jorge “Viki” Gómez првпат настапи на најпопуларната манифестација во нашата земја. Шпанскиот возач ја започна својата прошетка на неговиот велосипед низ култни скопски локации, а финишираше со драматични трикови на сцената на „Златна бубамара на популарноста“, пред повеќе од 6.000 посетители во арената, притоа носејќи ја првата Бубамара на победникот. Вистински спектакл!

  1. ­Sebastián Álvarez: Три светски рекорди со еден лет

На глобалната сцена, 2025 беше година на рушење рекорди во воздух. Чилеанецот Sebastián “Ardilla” Álvarez испиша историја со проектот Red Bull Starman, соборувајќи три светски рекорди со само еден wingsuit лет. Скокот од авион на висина од 12.640 метри резултираше со брзина од 550 км/ч, прелетана дистанца од 53,45 километри и вкупно време во воздух од 11 минути и 1 секунда, поставувајќи нови стандарди во човековиот лет.

  1. Luc Ackermann: FMX скок меѓу два камиона во движење

Пркосејќи ѝ на гравитацијата, Luc Ackermann успешно изведе Tsunami Backflip, скокајќи со мотор од еден камион во движење на друг – на автопат над бариера висока 9 метри. Со многу тренинг, без простор за грешка и совршен тајминг, овој FMX подвиг стана еден од најризичните и најпрецизни трикови реализирани досега.

  1. Peter Salzmann: Нов светски рекорд во wingsuit BASE скок

Австриецот Peter Salzmann го надмина светскиот рекорд за брзина со wingsuit BASE скок, достигнувајќи 347 км/ч при спуштање од северната страна на Eiger во Швајцарија, што претставува најголема измерена брзина постигната со wingsuit.

  1. Andrzej Bargiel: Скијање од врвот на Монт Еверест без дополнителен кислород

 Полскиот алпинист Andrzej Bargiel испиша историја со скијање од врвот на Монт Еверест до базниот камп, без користење дополнителен кислород. По речиси 16 часа над 8.000 метри надморска височина, Bargiel безбедно се спушти преку South Col и Khumbu Icefall, рушејќи нови рекорди во висинскиот алпинизам.

  1. Sandro Dias: Два Гинисови светски рекорди со еден спуст

Бразилската скејт икона Sandro Dias постави два нови Гинисови рекорди со неговиот спуст со скејт од 22-катна зграда во Porto Alegre. Со брзина од 103.8 км/ч и висина од 70 метри, Dias ја реализираше идејата која со години се сметаше за урбана легенда во скејт културата.

  1. Domen Škofic: Качување по авион при лет

Словенечкиот алпинист Domen Škofic испиша ново поглавје во историјата на спортското качување, со тоа што совлада специјално изградена алпинистичка рута на крило од авион, на височина од 2.500 метри над земја. Движејќи се по надворешноста на авионот при брзини до 100 км/ч, Škofic се соочи со екстремен студ, силен ветер и постојани промени на G-силите, единствено со падобран.

  1. Ultimate Aerial Obstacle Course: Небото како терен со препреки

Еден од највпечатливите визуелни проекти на годината беше и Ultimate Aerial Obstacle Course, каде што Red Bull спортисти од различни воздушни дисциплини ги здружија силите и создадоа единствена воздушна траса составена од 15 воздушни сегменти што ги поврза планините, градовите и отвореното небо во една континуирана линија за лет.

  1. EUROEDIL HOLDING: Историски пласман за Македонија на светско 3х3 финале во Дубаи

2025 ќе остане запаметена и по историскиот успех на екипата EUROEDIL HOLDING, која го освои второто место на светското Red Bull Half Court финале во Дубаи. По доминантниот настап на националното финале, македонскиот тим продолжи со серија убедливи победи и се искачи до големото светско финале, потврдувајќи дека домашната 3×3 сцена може рамноправно да се носи со најдобрите екипи во светот.

 

 

 

 

 

Се вчитува...