ЕКИПА во Берлин,
Стеван Цаневски
ЕХФ вообичаено секојдневно го објавува изборот за најдобри голмански интервенции и најубави голови за секој натпреварувачки ден од ЕП 2024.
Во денешниот избор, меѓу најубавите пет погодоци на 14 јануари се најде и оној на Петар Атанасијевиќ, кога македонското крило од контранапад во второто полувреме мајсторски го матираше Шпет.
Овој погодок на Атанасијевиќ се најде на петтото место во рангирањето во кое на чело е Алекс Душебајев со извонредната мајсторија на дуелот меѓу Шпанија и Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА