Зимскиот преоден рок во македонската Прва фудбалска лига беше навистина „жежок“. Двата најзвучни трансфери се случија во последниот ден од преодниот рок. Еве ги петте најголеми засилувања во домашниот фудбал, пред стартот на пролетниот дел од сезоната…
1. БЕСАРТ АБДУРАХИМИ вредност 600.000 евра
Крилниот напаѓач потпиша договор со Шкендија до јуни 2018 година и ќе биде огромно засилување за тетовскиот тим во наредниот период. Тој доаѓа од јапонскиот Церезо Осака, а претходно беше член на белгискиот прволигаш Локерен.
2. ВАНЧЕ ШИКОВ вредност 550.000 евра
Искусниот македонски репрезентативец одлучи да се врати во Македонија по долг период што го мина на печалба и потпиша шестмесечен договор со Работнички. Ќе биде големо засилување за одбраната на „романтичарите“.
3. БАЖЕ ИЛИЈОСКИ вредност 400.000 евра
Напаѓачот се врати од Малезија и ја прифати понудата на Пелистер. Неговиот голгетерски инстинкт е веќе докажан во Првата лига, и тој дефинитивно е супер аквизиција за битолскиот прволигаш.
4. БЕСИР ДЕМИРИ вредност 500.000 евра
Младинскиот репрезентативец на Македонија одлучи да се пресели во конкурентскиот табор. Демири сега ќе биде перјаница на Вардар, откако претходно имаше несогласувања и не успеа да најде заеднички јазик за договор со Шкендија.
5. ЈАСИР АСАНИ вредност 150.000 евра
Крилниот напаѓач на Вардар изрази незадоволство од минутажата во клубот, па замина на шестмесечна позајмица во Шкупи. Овој трансфер предизвика големо внимание, бидејќи се работи за два конкурентски клуба од главниот град.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА