Повеќе од четири часа траеше денешното Изборно Собрание на МОК, на кое Даниел Димевски беше избран за наследник на Васил Тупурковски. Голем дел од собранието мина во тензична атмосфера и препукување на двете страни, но откако Војнеска – Зикова се повлече стана јасно дека Димевски ќе биде победник во трката.
Топ-коментарот на денешното собрание го имаше првиот човек на „куќата на кошарката“, кој откако атмосферата се релаксираше и победата на неговиот фаворит Димевски стана очигледна, стигна и да се пошегува на сметка на Александар Маленко.
„Побрзајте, Маленко има деца за чување“, коментираше Антиќ, „ургирајќи“ што побрзо да се пристапи кон гласање и да се стави крај на предолгото собрание.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА