ЕХФ со видео од најинтересните моменти ја заокружи изминатата сезона од Лигата на шампионите во женска конкуренција, за нас запаметена како последна во кратката ера на ЖРК Вардар.
„Црвено-црните“ редовно редеа победи, стигнуваа до Ф4 турнирите во Будимпешта, играа и две финалиња, но за жал не успеаја да се искачат онаму каде сите посакуваа – тронот на ракометна Европа.
Сега тој проект е минато, од играчкиот кадар не остана буквално никој, а тимот што се уште е актуелен европски вицешампион годинава нема да игра во ниту едно меѓународно натпреварување. Од „славната“ генерација останаа само видео-спомените, како оваа кунг-фу одбрана на Амандин Лејно, или цепелинот на Цвијиќ, кои се најдоа меѓу најдобрите 30 моменти од ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА