Српскиот репрезентативец Никола Милутинов си заминува од Олимпијакос, а негова следна дестинација е Москва. Одличниот центар ги договори условите со рускиот гигант за двогодишна соработка и плата од два милиони евра по сезона, што е повеќе од двојно повисока сума од онаа што ја заработуваше досега во Атина (900.000 евра годишно).
„Црвено-белите“ од Грција се обидуваа да го убедат Милутинов да остане, му понудија и повисока плата, но пресуди желбата на кошаркарот за преселба во тим со кој ќе атакува на трофејот во Евролигата. ЦСКА и минатото лето се интересираше за неговите услуги, тогаш Олимпијакос бараше превисока отштета, но рускиот тим почека и летово ќе го доведе Србинот како слободен играч во Москва.
Доаѓањето на Милутинов ќе значи и заминување на грчкиот центар Куфос, кој минатото лето пристигна од НБА-лигата, но не одговори на барањата на тренерот Итудис и имаше мала минутажа во ЦСКА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА