Арсенал продолжува да „гази“ во Премиер – лигата, откако го надмина лошиот старт. Тимот на Унаи Емери славеше убедлив триумф на гости (1-5) против Фулам.
Александре Лаказет го отвори резултатот, а пред крајот на првиот дел Фулам израмни со голот на Андре Шурле.
Но, на почетокот на вториот дел Лаказет постигна втор гол, а потоа тргна серијата на „топчиите“. Арон Рамзи зголеми на 1-3, а потоа двапати во мрежата на домаќинот стрелаше и Пјер-Емерик Обамејанг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА