Арсенал си ги сведе на теорија шансите за пласман меѓу најдобрите четири тима во Премиер-лигата откако „топчиите“ попладнево загубија од Лестер со 3-0, трет пораз во низа за нив во клучниот дел од сезоната.
Мечот беше решен пред крајот на првото полувреме, кога младиот Мејтланд Најлс заработи црвен картон. Избраниците на Емери со фудбалер помалку на теренот не успеаја да останат непоразени во вториот дел, откако Тилеманс и Варди (два гола) го совладаа Лено и му донесоа триумф на тимот предводен од Брендан Роџерс.
Арсенал останува на петтото место со еден бод помалку од Челси, но и натпревар повеќе од градскиот ривал.
„Топчиите“ можат да стигнат до место во ЛШ и преку Лигата на Европа, доколку стигнат до трофејот во ова натпреварување, во кое веќе се пласираа во полуфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА