„Топчиите“ распукани и против Барнли…, триумф на Астон Вила (ВИДЕО)

Арсенал продолжува со одличните игри продолжувајќи со „голеада“ и во втор едноподруго меч. По претходната победа од 6-0, „топчиите“ денеска со 0-5 славеа и на гостувањето против Барнли во 25.коло од Премиерлигата.

Одегард уште во 4. минута постигна гол за 0-1, а Сака во 40. минута од пенал зголеми на 0-2.

Во второто полувреме, Сака во 47. минута погоди за 0-3, па Тросар во 66. минута зголеми на 0-4, а Хаверц во 78. минута ги постави конечните 0-5.

Тотенхем доживеа пораз на домашен терен од Вулверхемптон со 1-2. Гомес со два гола беше херојот на гостите, а Дејан Кулушевски во 46. минута успеа да постигне почесен гол за Тотенхем.

Астон Вила, пак, се проби на четвртата позиција на табелата откако славеше на гостувањето против Фулам со 1-2. Стрелец на двата гола за гостите беше Воткинс за 0-2, а домашните само успеаја да го ублажат поразот.

Се вчитува...