„Топчиите“ се „распукаа“ за триумф во лондонското дерби против Тотенхем (ВИДЕО)

Арсенал го доби лондонското дерби од 14. коло во Премиер лигата славејќи со 4-2 против Тотенхем.

Во крајно интересен натпревар, „топчиите“ дојдоа до предност преку Обамејанг уште во 10. минута од натпреварот.

Но, Тотенхем уште пред полувремето успеа да стигне до пресврт, со головите на Диер во 30. минута и Кејн од пенал во 34. минута за 1-2.

Во вториот дел, Арсенал заигра далеку поорганизирано па со три гола сосема заслужено стигна до победата. Обамејанг повторно погоди во 56. минута, а стрелаа и Лаказет во 71. минута и Тореира во 77. минута за конечни 4-2.

 

Се вчитува...