Арсенал со импресивна игра во второто полувреме го декласираше тимот на ПСЖ со 5-1, најавувајќи далеку подобри игри под водство на новиот стратег Унаи Емери отколку што тоа беше случај до ланската сезона.
„Светците“ од Париз настапија без своите клучни играчи додека „топчиите“ беа речиси комплетни, а лондонскиот тим знаеше како да ја искористи ваквата предноста и да ја претвори во убедлива победа. Месут Озил се запиша меѓу стрелците за водство на Арсенал во првото полувреме, а со резултат 1-0 се замина и на пауза.
Во вториот дел двајцата тренери ги променија речиси сите фудбалери, а во таквата ситуација подобро се снајдоа „топчиите“, кои по израмнувачкиот гол на Нкунку во 60. минута дури четири пати ја затресоа противничката мрежа, два пати Лаказет, а по еднаш Холдинг и Нкетиах.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА