„Топчиите“ потрага по голгетер ја продолжуваат на „Олд Трафорд“

Играта на Арсенал сезонава воопшто не е импресивна, а особено тивки се голгетерите Пјер-Емерик Обамајанг и Александер Лаказет.

Менаџерот Микел Артета потроши најмногу пари од сите клубови во Европа изминатото лето, но не доведе ниту еден играч од нападот. Сега тоа ќе се промени во јануари, бидејќи Шпанецот планира да испрати понуда до Манчестер јунајтед за Ентони Марсијал.

Французинот буквално го снема од мапата минатата сезона, а на дуелот со Вест Хем во Лига купот во средата беше стартер, но исто така да не играше. Оле Гунар Солскјер не планира да му даде уште многу шанси пред да го стави на трансфер-листата, бидејќи веќе со Кристијано Роналдо и Единсон Кавани има одличен избор во нападот, а тука се како е и Маркус Рашфорд, кој може да игра во шпицот на нападот.

Се вчитува...