Арсенал стави крај на серијата од два порази во низа откако во 21. коло славеше во лондонското дерби против Кристал Палас со 5-0.
„Топчиите“ натпреварот го отворија уште во 11. минута преку Габриел, а веќе во 37. минута имаа предност и од два гола откако сопствената мрежа ја затресе Хендерсон. Тосар на асистенција на Габриел Жесус стрелаше во 59. минута за 3-0, а Мартинели со два гола во судиското продолжение ги постави конечните 5-0.
Со денешниот триумф Арсенал се изедначи на второто место на табелата со Манчестер Сити и Астон Вила, но од овие два клуба „граѓаните“ имаат натпревар помалку. Кристал Палас пак останува во вториот дел од табелата со пет бода предност пред „опасната зона“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА