Роналдо беше ноќна мора за противничките дефанзивни играчи кои дефинитивно немаа решение за неговиот експлозивен дриблинг, а тој беше и ноќна мора за голманите. За Бразилецот се раскажани многу приказни, за многумина најдобриот напаѓач во историјата на фудбалот. Сепак, една сторија е особено интересена, а истата вели дека имало само еден дефанзивец кој му правел проблеми на Роналдо.
Легендарниот Бразилец имаше огромни проблеми со повредите во текот на својата кариера и кој знае каде ќе беа неговите граници доколку колената му беа поцврсти. Роналдо играше во голем број европски великани како Интер, Барселона и Реал, но впечаток е дека тој ги имаше најдобрите игри во дресот на Бразил. Тој постигна 62 гола на 98 натпревари и го освои Светското првенство во 2002 година.
Роналдо беше најдобриот играч на Светското првенство во Франција. Французите тогаш ги имаа најдобрите светски дефанзивци како Марсел Десаи и Лилијан Турам. Деновиве кружи видео во кое тие двајца се подготвувале за Роналдо. Десаи го имитирал Роналдо и се прашувал каде е топката. Тој заклучил дека тоа е магија. Турам додаде дека ако погледнете надолу, топката ја нема.
“Првото нешто што не треба да го направите е да му се приближите. Не треба да бидете премногу блиски до него. Дали знаете што ќе прави Роналдо? Ќе ве искористи за да ве елиминира како пречка. Треба да го нападнете ако имате некој зад себе или да сте подготвени да се вратите назад“, додаде Десаи.
Тактиката на Французинот дефинитивно функционираше, но факт е дека Роналдо не беше целосно подготвен во тоа време и едноставно не можеше да покаже што знае. Инаку, Роналдо и Турам водеа големи битки скоро цела деценија. Турам играше за Парма и Јувентус, додека Роналдо беше член на Интер, а потоа и на Реал. Тие се сретнаа неколку пати во Лигата на шампионите, а Французинот секогаш излегуваше како победник.
На сè претходеше нивниот прв судир на мечот меѓу Парма и Интер. Турам неколку пати беше засрамен тогаш, но научи лекција и на следните меѓусебни дуели одигра многу попаметно и успешно го чуваше легендарниот Бразилец.
Lilian Thuram’s and Marcel Desailly talking about how scary it is trying to defend against Ronaldo. pic.twitter.com/1VjiulSL8D
— 90s Football (@90sfootball) May 8, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА