Викендов и дефинитивно продолжуваат фудбалските лиги во трите најквалитени натпреварувања во Македонија. Откако минатиот викенд, поради новите општи протоколи за спортски натпревари донесени од Владата како заштита од коронавирусот беа одложени сите натпреварувања, викендов се враќа фудбалот на домашната сцена.
„Натпреварите првично беа закажани за 31. октомври и 1. ноември, но беа одложени со одлука на Комисијата за натпреварување во рамки на федерацијата поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од “Ковид 19”. Фудбалската федерација на Македонија ги усогласи условите за продолжување на натпреварувањата согласно препораките од Комисијата за здравство и според протокол кој е прифатлив за здравствените државни институции и согласно тоа, викендот ќе продолжат натпреварите од МФЛ. Како одговорно фудбалско тело изразуваме надеж дека тимовите ќе се однесуваат максимално сериозно и професионално во однос на почитување на мерките и препораките од здравствениот протокол во услови на организација на натпреварите во време на криза предизвикана од пандемијата Covid-19“ – информираат од Фудбалската федерација на Македонија.
На програмата викендов е 11. коло од Првата македонска фудбалска лига кое ќе се игра во сабота (7. ноември), како и натпреварите од 10. коло во двете второлигашки конкуренции кои ќе се играат во недела (8. ноември).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА