Еден од подобрите голови во последните неколку години беше виден на натпреварот од француската лига помеѓу Сент Рафаел и Кретеј. Килијан Ригол успеа да постигне гол од центарот и тоа на поставена одбрана од својот противник.
Само што тргна од центарот, Ригол замавна со десната рака и со „топовски истрел“ ја затресе противничката мрежа.
Голот беше овозможен и од „заспаниот“ голман, а тренерот на клупата со неверување се прашуваше што се случи со неговиот играч и како можеше да си дозволи таков гол од толку голема далечина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА