Торес двоен стрелец за триумф против тимот од неговото деби за Атлетико

Фернандо Торес донесе победа од 2-0 за Атлетико Мадрид против Леганас во 21. коло од шпанската Примера. Торес беше двоен стрелец на мечот против тимот против кој дебитираше во дресот на Атлетико пред 16 години, во 2001 година, тогаш на дуелот во Втората шпанска лига.

Ете, случајот сакаше Торес во 15. минута да донесе водство за мадриѓаните, откако Гризман не го реализираше ударот од белата точка, а потоа Фернандо погоди и во 51. минута.

All Goals & Highlights HD – Atletico Madrid 2-0… by riqezi

Атлетико Мадрид по овој триумф сега има 39 бода, доближувајќи се до Севилја која е на третото место со 42 бода, но и натпревар помалку. На второто место е Барселона со 45 бода, зад Реал Мадрид кој е со 46 бода, но и два натпревари помалку од Каталонците.

Се вчитува...