Шпанскиот фудбалер на Барселона, Феран Торес ја коментираше одлуката на раководството престојното лето да ангажира нов напаѓач како замена за Роберт Левандовски што воедно значи и поголема конкуренција за него.
Овој потег Торес не го гледа негативно, напротив тој се радува на конкуренцијата со тоа што сака да докаже дека заслужува еден ден да биде и прв избор.
„Клубот сака да доведе нов напаѓач кој ќе го поддржи Роберт Левандовски? Немам ништо против конкуренцијата, напротив, подготвен сум да се борам и да докажам дека заслужувам да играм. Дали верувам дека во иднина можам да бидам првиот напаѓач на Барселона? Апсолутно“, изјави Торес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

