Каталонскиот гигант Барселона во последно време игра во прилично добра форма, а за амбициите на клубот до крајот на сезоната проговори и новиот напаѓач на тимот, Феран Торес. Тимот од стадионот „Камп Ноу“ има три победи во низа (Валенсија, Наполи и Атлетик Билбао), а во секоја од нив тимот на Чави Ернандез постигна по четири гола.
Торес во зимскиот преоден рок пристигна во Барса од Манчестер Сити, а досега на девет натпревари постигна два гола.
„Лигата на Европа е исклучително важно натпреварување за нас, ние одиме да го освоиме. Имаме добра комбинација – млади фудбалери и некои ветерани. Мислам дека тоа што го елиминиравме Наполи на тој начин беше пресвртница за нас“, изјави 22-годишниот Феран Торес. „Ние сме голем клуб и мислам дека ситуацијата во Барселона полека се менува. Подготвени сме да направиме чекор напред и да постигнеме неколку добри резултати“, изјави поранешниот офанзивец на Сити и Валенсија.
Барселона во моментов е на четвртото место на табелата во Примера со 15 бодови помалку и натпревар помалку од лидерот на табелата Реал Мадрид, а во Лига Европа Каталонците ќе се борат со Галатасарај за пласман во четвртфиналето.
🙋♂️ Even though you were born on February 29, we’re going to celebrate today!
🎂 Happy birthday, @FerranTorres20! 🥳 pic.twitter.com/vcsSOQZMYs
— FC Barcelona (@FCBarcelona) February 28, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА