Лондон загуби – Торино домаќин на завршниот Мастерс од 2021

Италијанскиот град Торино од 2021 ќе биде домаќин на завршниот турнир на најдобрите осум тенисери во годината. АТП денеска ја донесе одлуката, откако веќе се знаеше дека во 2020 за последен пат најдобрите осум тенисери од тековната година ќе играат во „О2“ арената во Лондон.

Торино во борбата за одржување на турнирот гo победи Токио,  а договорот со АТП за одржување на завршниот Мастерс е во траење до 2026 година. Градоначалникот на италијанскиот град гарантира по 15 милиони евра годишно. Завршниот турнир е воведен во 1970 година, а од тогаш се има играно во 14 градови.

Бранител на титулата од минатата сезона е Германецот, Александар Зверев, кој во финалето го победи Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...