Италијанскиот калчолигаш Торино е новиот клуб кој застанува во редот за потписот на еден од најдобрите македонски фудбалери Енис Барди.
Калчолигашот сака сезонава да го доведе на позајмица Барди со можност за откуп на крајот на сезоната. Барди изрази желба дека сака да остане во Трабзонспор, но Турците поради кратење на буџетот ќе мора да се ослободат од дел од фудбалерите.
Покрај Торино, интерес во изминатиов период за Барди имаше и од Жирона, Хал и ЛА Галакси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА