Торино го шутна Барони и веднаш донесе нов тренер

Торино ќе ја доврши сезоната со нов тренер откако екс-клубот на нашиот Елиф Елмас реши да му врачи отказ на Марко Барони по последниот пораз од Џенова.

Торино има само една победа на последните седум средби, падна на 15. место на табелата и се наоѓа на само три бода над опасната зона која значи преселба во Серија Б. Дуелот со Џенова беше „да се биде или не“ за Барони, а убедливиот пораз од 3-0 значеше и дефинитивно крај на авантурата на екс-тренерот на Лацио како шеф на стручниот штаб на Торино.

„Торинезите“ веднаш именуваа и нов тренер, Роберто Д’Аверса потпиша договор со важност до крајот на сезонава, со тоа што соработката ќе биде продолжена за уште една година ако тимот обезбеди опстанок.

Д’Аверса е без работа откако на крајот од ланската сезона си замине од Емполи по испаѓањето на овој клуб од Серија А. Тој претходно има работено и како тренер на Лече, каде што исто така пристигна на местото на Барони.

Се вчитува...