Фудбалерите на Торино го совладаа Милан со 3-1 во последниот натпревар од денешната програма во 37. коло во италијанската Серија А. Овој пораз на „росонерите“ нема да им падне тешко бидејќи веќе одамна го осигураа второто место во домашниот шампионат, па мечевите до крајот се чиста рутина за тимот од „Сан сиро“.
Домаќините поведоа со 1-0 со погодокот на Дуван Запата во 26. минута. До полувреме беше и 2-0 откако во 40. минута стрелаше Иван Илиќ. Во вториот дел на 3-0 зголеми Рикардо Родригез во 46. минута, додека конечните 3-1 беа дело на Бенасер од пенал во 55. минута.
Torino [3] – 0 AC Milan – Ricardo Rodriguez 46′
byu/etclassico insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА