Поранешниот играч на Работнички Емир Сахити, би можел во јануарскиот преоден рок да се пресели во таборот на Торино, пренесуваат италијанските медиуми.
Според нив, хрватот на клупата на Торино, Иван Јуриќ бил миленик на албанскиот интернационалец, и сакал да го донесе во својот тим. Информациите велат дека италијанскиот тим ќе даде 300 илјади евра на Хајдук за да го добие потписот на крилото.
Сахити во Работнички играше во 2018 година, а потоа замина за Хајдук. Главно настапуваше за вториот тим на сплитските „бели“, а потоа замина на позајмица во Шибеник. Оваа сезона се почесто е во стартниот тим на тимот од „Пољуд“. Има настапи за младинските селекции на Албанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА