Екипата на Торино оствари триумф над Монца во денешниот натпревар од 30. коло во италијанската Серија „А“. Санабрија од пенал беше стрелец на единствениот гол во 69. минута од средбата, при што тимот од Торино дојде до 11 победа во првенството, и се вклучи во битката за трката во Европа.
Работата за Торино ја олесни и црвениот картон на Песина во 72. минута од средбата.
Во вториот меч, Џенова и Фросиноне одиграа нерешено 1-1. Гудмундсон од пенал донесе предност за домашните, но шест минути подоцна Рениер успеа да израмни, и тоа да биде конечен резултат. Во финишот беше досуден пенал за Фросинонен, но поништен по консултација со ВАР.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА