Торино промаши пенал во финишот, Лече слави триумф (ВИДЕО)

Екипата на Лече за две минути успеа да го победи Торино со 2-1, и да дојде до третиот триумф во сезоната во Серија „А“. Натпреварот беше неизвесен и драматичен, а Торино покрај негативата од 2-0, на крај можеше и да остане непоразен со оглед дека промаши пенал.

Кулибали во 20. минута донесе предност за Лече, а Банда во 22. минута зголеми на 2-0.

Че Адамс во 57. минута успеа да намали, а во финишот тотална драма на стадионот во Лече. Аслани во последните моменти имаше шанса од пенал, но неговиот удар беше одбранет од голманот на Лече Фалконе, и така успеа да донесе три бода.

Се вчитува...