Торино ја прекина сопствената црна серија од три меча без триумф славејќи на домашен терен над Лацио со 2-0, воедно продлабочувајќи ја кризата со која се соочува римскиот клуб.
Тренерот Сари е во војна со претседателот Лотито, зимава беа продадени неколку првотимци, a сето тоа се одразува врз игрите и резултатите на тимот. „Лацијалите“ беа без победа во претходните три рунда, а слабите игри продолжија и вечерва во Торино, каде сино-белите заслужено беа поразени од мотивираниот противник.
Симеоне беше стрелец на првиот гол за торино кон средината на првото полувреме, а кога капитенот Запата стрелаше на стартот од вториот дел, беше јасно дека гостите од Рим се нокаутирани. „Лацијалите“ се отворија, создадоа неколку шанси, но не најдоа начин да го совладаат голманот Палеари, по што Торино заслужено стигна до цел плен на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

