Раководството на Торино се реши да стартува хуманитарна акција за семејствата на жртвите на авионската несреќа на Чапекоенсе, пуштајќи во продажба дресови во бојата на бразилскиот клуб (зелена) со логото на „торинезите“.
Избраниците на Синиша Михајовиќ во овие дресови ќе го одиграат вечерапниот натпревар против Аталанта, а парите од 1.500-те дресови пуштени во слободна продажба ќе бидат донирани во хуманитарните организации за семејствата на жртвите од Чапекоенсе.
„Во знак на почит на жртвите од Чапекоенсе, Торино вечерва ќе настапи со овие нови зелени дресови. Направени се 1.500 дресови, а средствата од нив е заминат за семејствата на жртвите. Торо и Чапе, обединети од судбината, пријатели засекогаш“ – порачаа од раководството на Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА