Торино со специјално видео „Назад во Италија“ го промовираше Елиф Елмас (ВИДЕО)

Елиф Елмас од денеска и официјално е нов член на Торино, откако македонскиот репрезентативец успешно ги мина лекарските прегледи и го стави својот потпис на договорот со овој италијански прволигаш.

Според договорот меѓу клубовите, Елмас ќе остане на позајмица од Лајпциг до крајот на сезонава, а Торино ќе има можност летово да го откупи неговиот договор за 17 милиони евра.

Торино со специјално видео насловено „Назад во Италија“ го промовираше македонскиот репрезентативец кој треба да биде сериозно засилување за тимот до крајот на сезоната…

Се вчитува...