Торино во 90. минута ја сруши Рома за четвртфинале во Купот на Италија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Торино ја победија Рома со 2-3 во осминафиналето од Купот на Италија.

Торино поведе во првото полувреме, откако Шеј Адамс постигна гол во 35. минута за 1:-0, по асистенција на Никола Влашиќ.

Сепак, веднаш на почетокот од второто полувреме, Мигел Ермосо постигна гол за 1:-1, на асистенција на Леон Бејли.

Само шест минути подоцна, Торино повторно поведе, врската Влашиќ-Адамс повторно профункционира за 1-2.

Рома успеа повторно да израмни во 81.минута кога Антонио Арена постигна гол за 2-2.

Се чинеше дека прашањето за победникот ќе се решава со изведување на пенали, а потоа Торино дојде до победа во 90. минута. Емирхан Илкан постигна гол за 2-3.

Се вчитува...