Екипата на Торино може да ја искористи ситуацијата со Елиф Елмас, и да го врати во Италија во јануарскиот преоден рок. Таа е една од екипите кои се заинтересирани за македонскиот интернационалец од Лајпциг, откако не се снајде по трансферот во Бундеслигата пред една година.
Елмас е на излезна врата од Лајпциг, и веќе се множат тимовите кои сакаат да го видат во своите редови. Се шпекулираше претходно со неколку клуба од Италија, како и негово враќање во Фенербахче.
Се појасно е дека македонскиот репрезентативец зимава ќе има нов клуб. И натаму е неизвесно дали Лајпциг ќе го пушти на позајмица, или ќе бара сума на пари за негов перманентен трансфер во друг тим. И двете опции се во игра, па дури и позајмица со задолжителен откуп на крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

