Од таборот на Торино долго време се двоумеа дали да го задржат Џо Харт и во целост да го откупат неговиот договор со „граѓаните“, а сега веќе е јасно дека „биковите“ сакаат да биде нивен редовен чувар на диреците. Но, пред Торино да го купи Харт, желбата е да помине кај нив уште една сезона како позајмен играч, за да можат средствата да ги искористат на други засилувања.
Џо Харт мораше да ја спасува кариерата во Торино откако Гвардиола беше јасен дека не е во неговите планови за оваа сезона, па англискиот голман заврши на позајмица во Серија А. Долго време се шпекулираше дека Харт ќе се врати следната сезона во Премиер – лигата, дури беше поврзуван со трансфер во Ливерпул, но засега ништо од тоа. 29-годишниот голман призна дека шансите да се врати во Сити се многу мали и дека му е време да бара нова средина. Сепак, многу веројатно е и дека ќе остане во Торино и следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА