Торонто без решение за Дејвис, Дончиќ и Далас изненадени од Мемфис (ВИДЕО)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс го добија мечот со Торонто, и дојдоа до втората победа во низа. Лејкерси беа предводени од Ентони Дејвис кој броеше до 41. Тој во завршницата постигна поени од слободни фрлања, и така ја обезбеди победата. Леброн Џејмс придонесе со 22 поени.

Мемфис го направи најголемото изненадување во синоќешните НБА натпревари, откако го совладаа тимот на ДАлас и тоа на гостински терен. И покрај добрите партии на Ирвинг и на Дончиќ (33 и 31 поен), сепак, не успеаја да донесат триумф на својот тим со оглед дека нивните соиграчи не беа на нивото. Бејн со 32 поени беше најефикасен кај победничкиот состав.

НБА, РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Сакраменто 110-131
Орландо – Минесота 92-113
Њујорк – Портланд 112-84
Далас – Мемфис 103-120
ЛА Лејкерс – Торонто 132-131

Се вчитува...