Ник Нурс повеќе не е тренер на Торонто репторс откако управата на „рептилите“ реши да ја прекине соработката со овој стратег по разочарувачките резултати оваа сезона.
Нурс ги мина последните пет години на чело на овој клуб, а ќе остане запаметен како тренерот кој ја донесе титулата во 2019 година, единствен трофеј во клупската историја на канадскиот НБА-лигаш. Челниците очекуваа Торонто повторно да се бори за висок пласман, но овој тим стигна само до плејин натпреварувањето, каде на домашен терен беше елиминиран од Чикаго, по што следеше и одлуката за отказ на Нурс.
Овој стручњак не би требало долго да остане без работа ако се знае дека на маса веќе има интересна понуда од Хјустон рокетс. Што се однесува до Торонто, фаворит за нов тренер на „рептилите“ е Име Удока, екстренерот на Бостон кој беше отпуштен поради секс-скандал со вработена во клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

