Актелниот НБА шампион, Торонто врза триумфална серија од 11 последовни победи откако забележа победа и во пресметката со Чикаго. Предводен од Теренс Дејвис кој постигна 31 поен, највисоки во кариерата, првакот славеше со 129-102. 36/14 е сега билансот на „репторс“ со кој се на второто место во Источната конференција со седум победи помалку од водечкиот Милвоки, а со три триумфи повеќе од третопласираниот Бостон.
Terence Davis pours in a career-high 31 PTS (12-15 FGM) as the @Raptors tie their franchise-record with 11 straight wins! #WeTheNorth pic.twitter.com/0PG0zOb5cx
— NBA (@NBA) February 2, 2020
Сигурна победа оствари и лидерот на Источната конференција, Милвоки. Славеше пред своите навивачи со 129-108 над Феникс. Јанис Адетокумбо постигна 30 поени, имаше и 19 скока. Прв стрелец на средбата и кај Феникс со 32 поени беше Девин Букер. Милвоки и натаму е единствен тим во Лигата со едноцифрен број порази, има само седум, а ја забележа 42-та победа.
Хјустон предводен од Џејмс Харден оствари домашна победа над Њу Ореланс од 117-109. Харден имаше 40 поени 10 скока и девет асистенции во натпреварот во кој неговиот тим клучната разлика за триумфот ја направи во послендата четвртина. Расел Вестбрук придонесе со 22 поени. За Хјустон ова е 31-ва победа сезонава, има и 19 порази и е на петтото место на Запад. Кај Њу Орлеанс, Брендон Инграм имаше 28 поени, а Зајон Вилијамсон заврши со 21 поен и со 10 скока. Пеликанс имаат биланс 20-30.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

