Торонто убедливо го совлада тимот на Атланта со 139-109 на свој терен. Домашниот состав од самиот старт на мечот ја презеде иницијативата, и дојде до водство, кое само го зголемуваа доаѓајќи до убедлив триумф.
Атланта не успеа ниту еднаш да се врати во игра и да избегне пораз. Во домашниот тим дури шестмина играчи имаа двоцифрен учинок, а Сијакам со 31 поен беше најефикасен.
Бруклин ја надигра Индијана со 116-09 на свој терен и дојде до нова победа во сезоната. До триумф ги предводеше Дјурант и Ирвинг. Дурент за речиси 40 минути уфрли 36 поени, со тоа стана 19. најдобар стрелец во историјата на НБА, престигнувајќи го Винс Картер.
Милвоки беше успешен како домаќин победувајќи го Детроит, благодарение на добрата партија на Адетокунбо кој уфрли 31 поен.
НБА, РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Сакраменто 108:115
Вашингтон – Филаделфија 111:118
Бруклин – Индијана 116:109
Торонто – Атланта 139:109
Милвоки – Детроит 110:108
Јута – Мемфис 121:105
ЛА Клиперс – Хјустон 95:93
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

