Торонто му нуди богатство на Каваи Ленард

Најкорисниот играч на НБА финалето, Каваи Ленард ќе ја одбие опцијата вредна 21,3 милиони долари за продолжување на договрот со Торонто и ќе стане неограничен слободен агент тврдат извори од Лигата.

Ленард ќе биде едно од главните имиња на трансфер пазарот летово. Репотрс се едонствениот тим кој може да му понуди максимален петгодишен договор во вредност од 190 милиони долари. Се тврди дека Ленард сериозно размилува за останување во Канада.

Каваи Ленард беше драфтуван во 2011 година, во 2014 беше МВП на финалната серија со Сан Антонио. Минатот лето беше разменет во Торонто. Во осумте сезони во НБА има просек од 17,7 поени по натпревар.

 

Се вчитува...