Тимот на Торнто го одбра Дарко Рајаковиќ за нов тренер. Србинот кој уште од 16 години почнува да се занимава со тренерската работа, стана само вториот тренер од Европа кој бил трене на НБА тим по Игор Кошков кој пред неколку сезони го предводеше тимот на Феникс Санс.
Рајаковиќ во САД пристигнал во 2004 година на препорака на Грег Попович, и бил консултант во Сан Антонио. Му беше помошник на Саша Ѓорѓевиќ на клупата на репрезентацијата. Во 2014/2015 беше помошник на Оклахома, а во 2019/2020 асистент во Феникс, пред да се пресели во Мемфис исто така како помошник.
„Деновиве толку многу се смешкам, што веќе ме здоболе лицето. Ви благодрам многу, се чувствувам како шатка која на површината изгледа како се да е кул, но моите стопала долу само работат. Многу сум возбуден и нестрплив во очекување на новиот предизвик“, изјави Рајаковиќ за време на промоцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

