Фудбалерите на Торонто ја освоија шампионската титула во МЛС – лигата на САД, за првпат во клупската историја. Канадскиот клуб во финалето на плејофот го совлада бранителот на титулата, Сиетл саундерс со 2-0.
Играч на натпреварот беше Себастијан Џовинко, кој во средината на второто полувреме со одлично проигрување му овозможи на Жози Алтидор да го постигне водечкиот погодок. Мечот го реши Виктор Васкез во последните моменти од натпреварот.
Торонто му се реваншира на Сиетл за поразот што го доживеа во финалето минатата година. По десет сезони во МЛС – лигата, ова е прва шампионска титула за клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА