Хајдук и Динамо во Сплит одиграа без победник (1-1) во 101. вечно дерби на хрватскиот фудбал. Сепак, како и секогаш кога се играат дерби натпревари на Балканот, случувањата на теренот се во втор план.
По натпреварот се случил инцидент пред просториите на навивачката група „Торцида“ како најверните фанови на Хајдук ја нападнале полицијата со стаклени шишиња. Поради нападот еден од полицајците испукал три куршуми во воздух, пренесуваат хрватските медиуми.
„Полициските службеници биле нападнати со шишиња од навивачите, при што четири полицајци се повредени. За да се одбранат, еден полицаец во воздух испукал три куршуми, а останатите употребиле сила за да ги уапсат лицата кои го нарушиле јавниот ред и мир“, соопштија од хрватската полиција.
Целиот хаос резултирал со приведување на шест од навивачите на Хајдук.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА