Хајдук славеше со 0-2 на гостувањето против Рудеш, тим кој е предводен од легендарниот Роберт Просинечки, во хрватскиот шампионат.
За овој натпревар Рудеш ја зголеми цената на билетите, па хајдуковите навивачи „Торцида“ се појавија и со парола: „10 евра може благодарам, сепак за четникот не е платата мала“.
Ова „Четник“ се однесуваше токму на Роберт Просинечки, некогаш играч и тренер на Црвена Звезда, а во текот на натпреварот следеа и уште повулгарни скандирања кон Просинечки: „на сите нас Жути може к… да ни п…“.
Просинечки на сето тоа остана мирен, не осврнувајќи се на скандирањата на околу 1.000 членови на „Торцида“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА