Тоше Ончев потпиша тригодишен договор со ГРК Охрид, потврдија од македонскиот суперлигаш. Тој доаѓа од редовите на словенечкиот Тримо Требње. Ракометарот имаше одлична сезона во Словенија, но немаше продолжение на соработката, па одлучи да се врати назад во Македонија.
Ончев изрази голема благодарност до клубот и управата за довербата што се одлучиле него да го доведат во редови на ГРК Охрид.
„Кога ми се јавија да преговараме, ми го кажаа проектот за во иднина и тоа ме привлече да се вратам назад во мојата родна земја. Се надевам на големи успеси и излез во Европа за наредна сезона“, изјави Ончев.
25-годишниот лев бек својата кариера ја градеше во Вардар Јуниор, Вардар, Пелистер, Вернулт и Ст.Марсел Вермон(Франција), Керкира (Грција) и РК Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА