Тошески и Тодоровски стрелци за победа на Спартак Суботица

Македонските интернационалци Милош Тошевски и Андреј Тодоровски беа клучните фигури во новата победа на српскиот суперлигаш Спартак Суботица со која тимот полека ја избегнува опасната зона во најсилната лига на Србија.

Спартак триумфираше убедливо со 0-3 на гостувањето против Колубара, и тоа пред се благодарение на Тошески кој го постигна вториот гол за својот тим а беше асистент на останатите два погодоци.

Првиот гол, во 40. минута, пак, беше дело на Андреј Тодоровски.

Се вчитува...