Тошески ја заврши соработката со Спартак Суботица

Македонскиот интернационалец Милош Тошески ја заврши соработката со српскиот суперлигаш Спартак Суботица.

26-годишниот Тошески со 28 натпревари, притоа постигнати два гола и запишани две асистенции, беше еден од најстандардните првотимци во Спартак Суботица кој се избори за опстанок во Суперлигата на Србија.

Сепак, по две години минати во Суботица, поранешниот младински репрезентативец на Македонија се одлучи за разделба со српскиот тим. Претходно во својата кариера настапуваше и за Атирау, за Бродарац и за Земун, како и за Работнички во Македонија.

Се вчитува...