Tошевски: Ќе биде тешко против Воска во Охрид

Фудбалерите на Шкупи утре ќе и гостуваат на Воска во натпревар од 8. коло во Првата фудбалска лига на Македонија.

Фудбалерот на чаирчани Кристијан Тошевски вели дека ги очекува тежок меч во Охрид.

„Очекуваме да биде многу тежок натпревар и поради фактот што играме како гостин. Секако дека имаме почит кон тимот на Воска спорт, добро ги анализиравме нивните силни и слаби страни и мислам дека ќе бидеме подготвени за овој предизвик. Доброто од ова е што играме на добар терен и во овој случај треба да се знае дека Шкупи секогаш игра на освојување три бода, затоа се надеваме на позитивен резултат“, изјави Тошевски.

Се вчитува...