Младинскиот репрезентативец на Македонија, Кристијан Тошевски, одигра одлично во одбраната на „пелистерци“, целосно неутрализирајќи го одличниот напад на Шкендија во денешното финале. Ова беше втор трофеј во клупската историја за Пелистер, воедно и втора куп-титула за Тошевски. Интересно, тој и до првиот трофеј во ова натпреварување, како член на Тетекс, стигна до пенал-рулет, и тоа исто така против Шкендија.
„Многу тешко беше да се игра во ова финале, Шкендија е екстра-екипа. Ние дадовме се од себе, одигравме одлично. Вторпат ја добивам Шкендија во едно куп-финале, вторпат на пенали и секако дека сум пресреќен. Заслуживме да се радуваме, ова е огромен успех за целата екипа“ – истакна Тошевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА