Давид Тошевски ќе остане дел од полскиот тим Горник Забрзе барем до крајот на сезоната, откако полската екипа се премисли и нема да го врати на Ростов како што се најавуваше.
Тошевски во моментов е дел од полскиот тим како позајмен од Ростов, и имаше договор до крајот на сезоната со можност за откуп, но тоа веројатно нема да се случи. Сепак, Тошевски не се најде на списокот на патници за подготовките во Анталија, па така беше јасно дека за него нема место во тимот и дека ќе биде вратен во рускиот тим. Постои опција да биде и продаден доколку се најде купувач за него, но за тоа одлучува Ростов, се разбира со дозвола од Горник.
Постои варијанта да биде испратен на позајмица во друга екипа. Преодниот рок во Русија и натаму е во тек, односно уште две недели, па така може да се случи да има и нов клуб од оваа земја.
Тошевски дојде во Ростов од Работнички, а беше испратен најпрво на позајмица во Тамбов, а сега и во Горник. На првиот меч од пролетниот дел во полскиот шамионат, не беше во составот.
Тошевски во есенскиот дел одигра само три меча за полскиот тим, и тоа два во Купот и еден во првенството. Во Купот постигна два гола, додека во првенство не се запиша во листата на стрелците. Настапи еднаш и за вториот тим на Горник, и таму стрелаше во тој еден меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

